еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Габриел Бајрам призна вина за насилство и доби казна затвор од три месеци

Советникот во Град Скопје и син на починатиот пратеник Амди Бајрам, Габриел Бајрам, доби казна затвор од три месеци, откако пред Кривичниот суд во Скопје ја призна вината за сторено насилство во угостителски објект во Скопје, потврдија за МИА од судот.

Кривичната пријава за Бајрам беше поднесена откако на семејна веселба во угостителски објект во Скопје, заедно со неговиот син, повредил еден од вработените и го кршел инвентарот во објектот.

Неговиот син доби условна казна затвор од три месеци која нема да се реализира доколку во рок од една година не стори ново кривично дело.

Бајрам, кој веќе помина еден месец во притвор во затворот во Шутка, правосилноста на одлуката ќе ја чека во домашен притвор.

МИА/Фото: Бајрам/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Заев: Вилма Русковска на чело на „новото СЈО“ кое ќе работи под капата на Државното обвинителство

Редакција

Судење „Монструм“: Петте жртви кај Смилковско езеро се убиени во брз временски период

Редакција

(Мапа) Најмногу случаи на Ковид-19 на 100 илјади жители има во Кратово

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница