еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

(Галерија) Еко-модна ревија во ООУ „Лазо Ангеловски“

Денеска во просториите на ООУ „Лазо Ангеловски” – Општина Аеродром по повод одбележувањето на 21 Март – Денот на пролетта и екологијата, се организираше Еко модна ревија.

„Денешната Еко модна ревија претставува славење на детската креативност и фантазија. Нашата цел како организатори и домаќини на овој настан е да им овозможиме на сите ученици од основните училишта на територијата на општина Аеродром да создадат свои уметнички дела преку кои ќе ја истакнат функцијата на реупотребата на рециклирачките материјали.

Преку своите изработени модели и презентации учениците се дел од подигнувањето на еколошката свест и култура, како и за придонесувањето за почиста околина и поздрава средина,“ се вели во соопштението.

На овој настан земаа учество повеќе од 180 ученици од сите основни училишта на територијата на Општина Аеродром, а иститот беше збогатен со присуството на нашата гостинка – модната дизајнерка Ирина Тошева, којашто зад себе има богато и плодно дизајнерско искуство и се претстави со модел изработен од оризовиот „отпад“ експериментирајќи заедно со куркума и лушпи од бел и црвен кромид и преку техниката „шибори“, како една од најстарите техники за боење од Јапонија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Алкалоид“ донира 200.000 евра и ги намалува цените на 158 производи од својот асортиман

Редакција

Признание за „Витаминка“ за општествена одговорност и промоција на семејните вредности

Редакција

Уникатоста на „вранецот“ ги отвора вратите на македонското вино кон светските вински пазари

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница