еМагазин
Image default
CHECK IN ТОП СТОРИИ

(Галерија) Гроздан и Пеџа од „Тренд“ отворија кафеана во Дебар Маало, „Шпајз“

Сопствениците на „Тренд“, Гроздан Георгиев и Предраг Васиљевиќ Пеџа и нивните браќа отворија нова кафана во Дебар Маало, Скопје „Шпајз“.

Отворањето се случи на 12 јуни во присуство на голем број на гости. Кафеаната се наоѓа на Боемска улица, спроти Канцеларија.

„Во кафеаната се нуди македонска, но и автентична балканска храна. Менито го составувавме неколку месеци, а во неговата подготовка ни помагаа и српски познати угостители со кои имаме контакти. Готвачите ни се со искуство“, вели Гроздан во изјава за „еМагазин“.

Во врска со идејата после „Тренд“ да отворат кафеана, низ шега вели дека „со годините, тоа повлекува“. Амбиентот е збогатен со староградска акустична музика.

Имајќи ја предвид успешноста на приказната „Тренд“, која трае веќе 17 години и „Шпајз“ ќе ја збогати угостителската услуга во градот.

Гроздан ги повикува сите љубители на вкусната храна и убав амбиент да го посетат ова ново катче на Боемска улица.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Потврдени 22 нови случаи на заразени со корона вирусот, најмногу во Скопје

Редакција

„Донирај компјутер“ донирал над 3.000 компјутери

Редакција

Наплив на нови вработувања во општините и државните институции

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница