еМагазин
Image default
МАКЕДОНСКО ТОП СТОРИИ

(Галерија) Многу емоции и убавина на завршниот концерт на „Танец“ во МНТ

„Танец“ ја заокружи прославата на 70-годишниот јубилеј со концерт во МНТ, на кој дадоа се од себе за во најдобро светло да се претстават пред македонската публика. И уште еднаш покажаа и докажаа зошто се едни од најдобрите промотори во светот на македонската култура и традиција.

Низ нивната уметност во играта, се гледа нивната секојдневна макотрпна посветеност, за на сцена да го дадат најдоброто од себе.

Низ нивната игра се гледаат илјадници часови вежбање, животни одрекувања, намерата да се биде се подобар во тоа што се работи. Нивната позитивна енергија публиката и тоа како ја почувствува. Оттука, сите награди во светот и громогласни овации даваат смисла на нивната работа. Публиката ги наградува со најискрени емоции и затоа долго ќе се памети тоа што „Танец“ го приреди на сцената на МНТ.

Овој концерт беше посебен и за првенецот на „Танец“, Снежана Балканска која целиот работен век го помина во ансамблот, а членовите на сцената на МНТ и посакаа среќно пензионирање. Нејзиниот придонес ќе остане вткаен во работата на „Танец“ и во иднина. Приказната ќе ја продолжи нејзиниот син Костадин.

Пред концертот, беше промовирана и монографијата, а признанија добија и нивните верни поддржувачи со кои, полесно се функционира. Гости на „Танец“ беа „Коло“ од Србија, кои ја збогатија вечерта со нивната фолклорна музичка традиција.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Калиопи сними дует со Жељко Самарџиќ

Редакција

Граѓаните надвор од Скопје си ја пробуваат среќата за да се вакцинираат и без термин, и најчесто успеваат

Редакција

Договор од 1,5 милиони евра склучи ЕСМ со „Челичен лив и гранулат железник“

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница