еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

(ГАЛЕРИЈА) Музичка програма и хуманитарна акција по повод отворање на нова уникатна градина на ресторанот „Four“

Павле Камилоски, Сара Мејс, Лео Ајдари и Антонија Гиговска се дел од музичката програма на која ќе настапат по повод отворањето на градината на ресторанот „Four“, а со тоа ќе бидат дел од хуманитарната акција „Среќна Школска Година“ на „Проект Среќа“.

Процент од профитот на ресторанот во период од 23-ти до 30-ти јуни ќе биде издвоен за акцијата наменета за децата со социјален ризик.

– За нас ова отворање има посебно емотивно значење, бидејќи периодов беше тежок како  професионално така и приватно. Голема благодарност до сите гости, соработници, партнери и вработени, кои во изминатите пет години ни дадоа поддршка и лојалност, а тие за нас и во иднина ќе се нашиот приоритет.

Со хуманитарната акција на градината ја продолжуваме мисијата како групација и како семејство Малиќи кон поддршка на општеството и маргинализираните групи.

Особено ми е драго што собраните средства ќе одат за најмалите, оние кои се со најголем социјален ризик. Секое дете заслужува среќно детство и треба да има еднаков пристап до образование, истакна Алтин Малиќи, еден од сопствениците на Паркленд Хоспиталити Груп.

Од „Проектот Среќа“ најавија дека секоја година ја организираат оваа хумана акција и ова за нив претставува огромна поддршка од страна на бизнис секторот.

– Благодарност до ресторанот „Four“ што се дел од оваа хумана акција. Сакам да ги поканам сите кои сакаат да бидат дел од акцијата и да земат учество поточно со секоја нивна посета токму тука во ресторанот ќе биде наменета за обезбедување на училишна опрема и уреди за следење настава за децата во социјален ризик, за кои веќе со години се грижиме, обезбедувајќи им училишна опрема, ранци, и уреди, секоја година, во склоп на нашиот проект „Среќна Школска Година“.

Сите кои сте во можност дојдете на прекрасните забави, направете резервација, а вашето присуство ќе помогне да усреќиме што повеќе деца и оваа година. Ви благодариме наши прекрасни пријатели, за вашите големи срца и поддршката која ни ја давате секоја година!, истакна Кристина Арнаудова од „Проектот среќа“.

Сите гости, преку уникатно гастрономско доживување од готвачот Елефтериос Далагиоргис, дружење во амбиентот на нова градина, спектакл и ред изненадувања во новиот амбиент, ќе дадат свој личен придонес кон оваа хуманитарна акција.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Меморија по 30 години објави нова песна „За тебе“

Редакција

Кумановскиот градоначалник Димитриевски негативен на корона вирусот на вториот тест, од утре се враќа на работа

Редакција

За 1. мај облачно, на места со дожд, од четврток и нов пад на температурата

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница