еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(ГАЛЕРИЈА) Протест за ослободување на осудените за „27 април“, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ дадоа поддршка

Неколку илјади граѓани денеска протестираа под мотото „Демократија во Македонија, слобода за уставобранителите“.

Тие побараа ослободување на затворените за насилствата во Собранието од 27 април 2017 година.

За лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој беше дел од истиот, „протестот е практично одраз на целокупната состојба во општеството, народот е незадоволен.“

„Народот денеска е излезен за поддршка на луѓето кои што го бранеа Уставот. Еден ден за неправедно осуден човек е како цела вечност.

Бидејќи имаме судска пракса за повторно отворање на случаи, не гледам причина зошто и овој случај да не се преотвори и луѓето од слобода да имаат втора шанса да се бранат и да ја докажат својата невиност,“ изјави Мицкоски.

Протестот почна пред Владата, а заврши пред Собранието.

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Алкалоид го доби првото решение за ставање во промет лек во Виетнам

Редакција

ЗНМ и ССНМ со претставка до МВР за приведувањето на Фуркан Салиу

Редакција

Скајп заминува во историјата, ќе биде укинат во мај

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница