еМагазин
Image default
Македонија

(Галерија) Сите насмеани на Централниот одбор во штабот на СДСМ, основано или не

СДСМ синоќа одржа координација на највисокото политичко раководство, по што следуваше седница на Извршниот одбор, а на крај одлуките финишираа на седница на Централниот одбор.

На седницата се дискутирало за многу прашања од актуелните политички случувања, а фокусот на вниманието било кон преодната влада која согласно законот треба да се формира на 3 јануари 2020 година.

СДСМ синоќа избраа и нов секретар за меѓународна соработка, Бојан Маричиќ, кој е досегашен советник за европски прашања во кабинетот на Заев и сега е координатор за европски прашања во Владата, кој истовремено е и технички преговарач со Европската Унија.

Тој доаѓа на местото на Дане Талески, кој е предложен за амбасадор на НАТО.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Заев: Нема одлагање на изборите, на 3 јануари ќе дадам оставка

Официјално: Спасовски технички премиер, Царовска на местото на Анѓушев

Фото: СДСМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Три нови случаи на Ковид-19 во Кавадарци, еден во Неготино

Редакција

Чие е опожареното возило кое го користел Артан Груби

Редакција

Убава вест: 732 оздравени од Ковид-19

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница