еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

(Галерија) Скопје во новогодишна атмосфера

Град Скопје на Фејсбук објави фотографии од новогодишната атмосфера. Од нив, може да се забележи дека на истекот на една од најтешките години за нашата држава и воопшто за човештвото поради пандемијата од Ковид-19, сепак има празничен дух и насмевки на лицата на граѓаните.

„Пристигна оној период од годината кога сите нешта околу нас се за нијанса помагични и поубави. Деновите се исполнети со претпразнична радост и еуфорија, вечерите поминати во кругот на најблиските служат да нѐ потсетат што е тоа што е најважно, а улиците на градот блескаат посјајно од кога било.

Затоа, заборавете само на миг на неубавите нешта и дозволете да ве обземе новогодишната среќа и оптимизам дека во Новата година ќе влезете опкружени со оние кои најмногу ви значат.

Ви посакуваме среќни и безбедни празнични денови“, напишаа од Град Скопје.

Фото: Фејсбук/Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Двајца епидемиолози и двајца техничари од Центарот за јавно здравје – Скопје позитивни на коронавирусот

Редакција

Подем на екстремната десница на европските избори

Редакција

Работници од Индија пристигнале на фарма и во млекара во Свети Николе: Почна увозот на странски работници и во земјоделскиот сектор

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница