еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

(Галерија) Струмица поплавена од река од маски: Милион бои претворени во една карневалска

„Време е! Нека почне Струмичкиот карневал“, објави кралот и почна карневалот. Кралската свита, во која беа принцот и принцезата, придружувани од Струмичките мажуретки и Блек оркестарот на Струмица, кои со неформалната химна на градот „Под кулите на Струмица“, го значија почетокот на уште еден голем струмички карневал.

Први на големата сцена стасаа членовите на Кернвелската група „Ефтимови“ со маската „Чувари на традицијата“. За својот настап и 25 години учество на Карневвалот од претседателот на Организациониот одбор на Струмичкиот карневал, Александар Цицимов добија медал.

Веднаш по нив учениците од Музичкото училиште „Боро Џони“ од Струмица дојдоа со маската „Џунгла во Струмица“. И навистина направија „џунгла“ со своите креации и настап.

-Маската ја работиме повеќе од три месеци. Во изработката учествуваа сите наставници и голем дел од учениците и навистина е гордост да се биде тука и да се почувствува среќата на карневалот, рече професорот Васко Пиличев.

Откако џунлата замина и се врати во Африка настапија „Златните потковици“, а по нив италијанската паста претече во Струмица преку „Струмичките шпагети“ на учениците од ОУ „Видое Подгорец“.

Како на филмска лента се редеа „Шареента Лена“ на Цветко Багашевски, па Газелите од Радовиш се претставија со „Танцот на кабаутерите“ и така во недоглед по струмичките улици исполнети со каревалисти.

-Во Струмица се слеаја милион бои сите претворени во една-карневалска, рече еден гостин од Бугарија.

МИА/Фото: Заев/Филипче/Фејсбук

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Заев на Струмички карневал без маска

(Фото) Ќерката на премиерот Заев со нејзиното момче, маскирани за Струмичкиот карневал

(Фото) Филипче, Николовски и Димитров на Струмички карневал ги бркаат лошите

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонската асоцијација за управување со цврст отпад (MASWA) ги собира светските експерти за управување со отпад и кружна економија на конференција во Скопје на 29 и 30. мај

Редакција

Дојави за бомби во училишта во Скопје и Куманово

Редакција

(Следете во живо) Грција не ја отвори границата, кога ќе ја дигне рапата не знаат ни од Грчка амбасада

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница