Комуналните служби на Општина Карпош денеска исчистија нова дива депонија, во Горно Нерези, информираше градоначалникот Стефан Богоев.
„Запленето е поголемо количество на гуми и спречено е истите да завршат во некое од домаќинствата. Една од главните причини за аерозагадувањето е начинот на греење на домаќинствата, а анализите покажуваат дека голем број на домови се греат токму на отпадни гуми.
Ги повикувам граѓаните да го променат начинот на греење и да ги користат субвенциите на Град Скопје за набавка на инвертери и други современи уреди за затоплување“, вели Богоев.
фото: Фесјбук-страница на Стефан Богоев