еМагазин
Image default
Македонија

(Галерија) „Есенска бура“ на Криволак: Tестирање на борбената готовност на македонските единици

На вежбата „Есенска бура“ на полигонот Криволак, припадници на Армијата на Република Македонија од составот на полкот за специјални операции (баталјонот за специјални намени и ренџерскиот баталјон), Здружената оперативна команда (единици од воздухопловната бригада, од баталјонот воена полиција и првата механизирана пешадиска бригада), заедно со припадници на Министерството за внатрешни работи од единицата за брзо распоредување, единицата за специјални задачи и хеликоптерската единица, со поддршка од Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување, изведуваат поголем број на вежбовни активности со цел унапредување на меѓусебната нтероперабилност и кризниот менаџмент како одговор на модерните закани.

„Воедно со вежбата се врши тестирање на борбената готовност на единиците, подготвеноста за експедициски мисии и кризен менаџмент. Ова е прва ваква вежба во која учествуваат заеднички овие единици на АРМ, МВР и институции од кризниот менаџмент. Вежбата која започна на 08.11.208 ќе трае до 13.11.2018 година, а приказ од изведените активности ќе биде организиран на денот за високи гости кој ќе се реализира на 22.11.2018 година“, велат од АРМ.

Фото: АРМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поради отстуство на Оља Ристова, одложено рочиштето за „Титаник 3“

Редакција

Груби не сака да коментира за „Монструм“, иако ДУИ бараше повторување на судскиот процес

Редакција

Партијата на Борисов би подржала отстапки што би ги направила Владата на Петков кон Македонија

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница