еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Интерконекторот за природен гас меѓу Грција и Бугарија ќе донесе слобода од руската енергетска зависност, вели Фон дер Лајен

Со денешниот почеток на комерцијалната работа на гасниот интерконектор Грција – Бугарија (ИГБ) започна нова ера за Бугарија и ЕУ, изјави денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во обраќањето на церемонијата на пуштањето во работа на интерконекторот, што се одржа во Националната палата на културата во Софија.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Фон дер Лајен нагласи дека гасоводот ќе биде важен фактор против „застрашувачката енергетска војна на Русија против ЕУ“.

– Гасоводот ќе донесе слобода од руската енергетска зависност. Европа може да се ослободи од руската енергетска зависност и заедно ќе направиме силна Енергетска унија. Руската енергетска уцена во Европа мора да престане, истакна претседателката на Еврокомисијата.

Фон дер Лајен потсети дека 80 отсто од гасот што го користеше Бугарија го добиваше од Русија.

– Ова беше пред Путин да реши да започне енергетска војна против Европа. Овој гасовод ги менува правилата на игра и за Бугарија и за енергетската безбедност на Европа. Овој проект значи ослободување од зависноста од рускиот гас.

Овој интерконектор може да ја покрие целата потрошувачка на гас на Бугарија, што е одлична вест во овие тешки времиња, посочи таа.

Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев во обраќањето на церемонијата изјави дека гасниот интерконекторот меѓу Грција и Бугарија ќе има многу сериозна улога во спроведувањето на енергетската безбедност и диверзификација, не само за Бугарија, туку и за Балканот и Централна Европа.

– Азербејџанскиот гас е на пазарот. Азербејџан е сигурен партнер и снабдувач на гас за ЕУ, изјави Алиев, додавајќи дека Баку е подготвен да ги зголеми резервите на гас од 16 милијарди на 27 милијарди кубни метри гас. Тој нагласи и дека Азербејџан има потенцијал да извезува електрична енергија во ЕУ добиена од ветерни електрани, но само се бара опција како таа да се транспортира.

МИА/Фото: EK

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тринаесетмесечното бебе од Свети Николе заразено со морбили е во добра здравствена состојба, нема регистрирано нов случај

Редакција

Успешна 2024 година за НЛБ Банка: Зголемена добивка, раст на кредитите и депозитите и силен придонес во заедницата

Редакција

135 лица до 19 години во Македонија заразени со коронавирусот, просечната возраст 46

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница