еМагазин
Image default
Бизнис

Гасоводот од Грција во Македонија ќе влезе меѓу Богородица и Стојаково

Претставници на АД во државна сопственост „Национални енергетски ресурси“ денеска на состанок кај гевгелискиот градоначалник Сашо Поцков презентираа дека гасоводот од Грција во нашата земја ќе влезе меѓу селата Богородица и Стојаково.

Според проектот, гасоводот, како што беше речено, ќе минува низ територијата на општина Гевгелија кај селата Прдејци и Смоквица, а градот Гевгелија ќе биде споен со него на приклучната станица која ќе се гради на влезот од градот.

Интерконективниот гасовод од Грција, кој ќе се вкрсти кај Неготино со гасоводот од Бугарија, беше нагласено дека има огромно значење, бидејќи ќе обезбеди предуслови за поголема раширеност на гасоводната мрежа во земјата.

Беше посочено дека проектот треба да биде реализиран до крајот на оваа година,а за приклучувањето на Гевгелија во него ќе биде изработен посебен проект за секундарна гасоводна мрежа за што општина Гевгелија веќе аплицираше за негова изработка на објавениот повик од амбасадата на Шведска, УНДП и Министерството за локална самоуправа.

МИА/Фото: МИТВ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Маглата вчера и денеска одложи неколку летови од аеродромот во Скопје

Редакција

Какви понуди и промоции да очекуваат корисниците од А1

Редакција

„Аиркон“ го доби тендерот на МВР за сервисирање на клима уреди вреден 76.000 евра

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница