еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Газпром нема да испорачува гас за Европа преку Северен тек 1, цената драстично поскапе

Цените на гасот во Европа денеска скокнаа за речиси една четвртина, откако руски Газпром соопшти дека нема да испорачува гас за Европа преку гасоводот Северен тек 1 до натамошно известување поради проблеми со турбина.

По отворањето на холандскиот пазар, цената на гасот во термински договори со рокови за испорака во октомври се зголеми за 30 отсто, на 272 евра за мегават час (MWh).

Цената потоа се стабилизираше на 256 евра за мегават час, што е зголемување за 23 отсто.

Споредено со истиот период лани, цената е речиси пет пати поголема.

Руски „Газпром“ во петокот соопшти дека нема да праќа гас во Европа преку „Северен тек 1“ до понатамошно известување, бидејќи беше откриено дека од главната гасна турбина на компресорската станица Портоваја во близина на Санкт Петербург истекува масло.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Во живо) Протест против “францускиот предлог“ пред Собрание

Редакција

Распродажба на запленети возила во УЈП: Се нудат автомобили, камиони, булдожери…

Редакција

Во пет балкански земји ќе патуваме со лични карти

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница