еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА ТОП СТОРИИ

Генерален штрајк во Пошта за повисоки плати

Генерален штрајк на вработените во националната Пошта со барање за линеарно покачување на нето платите во износ од 3.000 денари најавија за денеска Синдикатот на Македонска пошта и Синдикалната организација на АД Пошта на Северна Македонија.

Штрајкот ќе почне во 8 часот и ќе се одвива на работните места во главната Пошта и низ подружниците низ државата, најави на прес-конференција, Боро Велигданов, претседател на Синдикатот на Македонска пошта.

Според синдикалните организации, работата на А.Д. Пошта на Северна Македонија, ќе биде целосно во прекин освен за неопходните активности кои давателите на поштенски услуги мора да ги обезбедат непречено, согласно  член 49 од Законот за поштенски услуги и Колективниот договор на ниво на работодавач, и тоа се до прифаќање на барањата.

Согласно Законот за поштенски услуги, вработените имаат обврска да го почитуваат член 49 и да обезбедат прием, сортирање и дистрибуција на поштенски пратки кои се однесуваат на препорачани судски пратки, препорачани пратки од безбедноста и одбраната и одредени други препорачани пратки кои се наведени во законската регулатива.

Одлуката за стапување во генерален штрајк беше донесена на 31-ви минатиот месец, по, како што информираа, неуспешниот дијалог со Управниот одбор на Поштата и Владата и нереализирањето на барањето за повисоки плати.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бугарското вето „успеа” да ја ослаби улогата и влијанието на ЕУ во целиот регион, вели Шекеринска

Редакција

Убава вест: 81 оздравени од Ковид-19, најмногу од Скопје

Редакција

Децата со три дози ДиТеПер вакцина од понеделник може да се вратат во градинките

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница