еМагазин
Македонија

Генералниот менаџер на Випро, Виктор Петков, кандидат за градоначалник за Гевгелија на коалицијата ЛДП и ДОМ

Граѓанската коалиција на ЛДП и ДОМ на локалните избори во Гевгелија за свој кандидат за градоначалник ќе го номинираат бизнисменот Виктор Петков.

Петков е основач и генерален менаџер на Випро ДООЕЛ Гевгелија, компанија од преработувачката индустрија за храна, која се занимава со преработки на овошје и зеленчук.

– Како граѓанска коалиција на ЛДП и ДОМ сметаме дека Гевгелија заслужува да има градоначалник кој ќе се грижи единствено за интересите на градот, човек кој ќе излезе од рамките на личните и партиските интереси и своето искуство и знаење, целосно ќе го насочи за поубава Гевгелија.

Градоначалник, кој нема да биде партиски послушник, туку интересот на граѓаните ќе го има за свој единствен приоритет, велат од коалицијата.

Виктор Петков во досегашното негово делување и активност потврдил дека е општествено одговорен, успешен менаџер и човек кој ќе ја направи Гевгелија подобро место за живеење, велат од коалицијата.

Од коалицијата додаваат дека во периодов што следи ќе ги најават и останатите кандидати за градоначалници и советници.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои се кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалници во Центар, Кисела Вода, Штип, Велес, Прилеп…

СДСМ ги објави кандидатите за градоначалници за Берово, Гази Баба, Могила, Неготино и Ранковце

СДСМ ги објави првите 30 кандидати за старо-ново градоначалници за претстојните локални избори

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Екстрадиран и спроведен Ј.Љ., осомничен за убиство на Никола Саздовски-Саздо

Редакција

Убава вест: 517 оздравени од Ковид-19

Редакција

Децата од Гевгелија имаат обична вирусна инфекција, им се „буди“ имунитетот, вели Филипче

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница