еМагазин
Свет

Германски виролог: Кој не се вакцинира, тој одлучил да се зарази

Германскиот виролог Кристијан Дростен очекува населението во Германија во следните година и половина да стекне имунитет против коронавирусот.

– Тоа ќе се случи со вакцинација или природна инфекција. Овој вирус ќе стане ендемичен и нема да исчезне. Секој што ќе одлучи да не се вакцинира, неминовно ќе се зарази, рече Дростен.

Тој истакна дека против тоа не може ништо да се стори, бидејќи епидемиолошките мерки со време ќе се укинат.

После тоа, вирусот ќе циркулира меѓу населението кај оние кои не биле имунизирани и малите деца кои не можат да се вакцинираат.

– Вирусот незабележливо и понатаму ќе се шири, а потоа ќе наиде на луѓе кои не се вакцинирале, објасни Дростен.

Тој очекува и следната зима да има тешки ковид пациенти на интензивна нега.

– Оние кои активно ќе се одлучат против вакцината, мора да знаат дека со тоа активно се одлучиле за природна инфекција, подвлече тој, додавајќи дека тоа е слободна одлука на секој поединец.

МИА/Фото: Photo by Ivan Diaz on Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Украина имаше три години да преговара за мир, Зеленски има рејтинг од 4%, вели Трамп

Редакција

Вакцина против Ковид-19 од утре достапна во Британија

Редакција

(Видео) „Не сме виделе сонце со недели, не можете да замислете низ што се поминавме“: Евакуирани стотици цивили од фабриката Азовстал

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница