еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Германскиот конзулат во Истанбул затворен поради опасност од напад

Германскиот конзулат во Истанбул денеска е затворен поради зголемена закана од напад во најголемиот турски град, соопшти германското Министерство за надворешни работи.

Како што јави ДПА, Германија ги предупреди своите граѓани во Истанбул дека ризикот од напад е особено висок во централниот кварт Бејоглу и околу плоштадот Таксим.

Германското МНР соопшти дека потегот за затворање на конзулатот е направен по „проценката на безбедносните власти“ и ги повика граѓаните да бидат особено внимателни и да избегнуваат гужва.

Германија, Шведска, Норвешка и Данска, како и САД, уште минатата недела ги предупредија своите државјани за зголемен ризик од напад во Турција.

МИА/Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Што пишува во извештајот на Репортери без граници за медиумите во Македонија

Редакција

Нови 990 случаи на Ковид-19 од 2.655 тестирања

Редакција

(Видео) Бојкот во Хрватска успешен, драматично намален прометот вчера

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница