еМагазин
Локално

Гевгелија меѓу градовите со највисока инциденца на заразност од Ковид-19

Според извештајот на Институтот за јавно здравје, во последните две недели Гевгелија се вбројува меѓу четирите градови во кои се бележи највисока инциденца на заразност од Ковид-19 во таканаречениот петти бран од пандемијата.

Информацијата денеска ја потврдија и од ПЕ на Центарот за јавно здравје во Гевгелија, од каде соопштија дека во последните неколку денови се позитивни дури половината од тестовите што се прават кај нив на дневно ниво.

Сериозноста на новонастанатата состојба придонесе Општата болница во Гевгелија да упати апел до граѓаните кои чувствуваат симптоми на Ковид-19 најпрво да се јават кај матичните лекари кои во зависност од клиничката слика ќе им препорачаат специјалистички преглед или амбулантно згрижување.

Од вчера во вакционалниот пункт во Гевгелија почна вакцинацијата со четврта доза против Ковид-19, која им се препорачува на лицата над 60 годишна возраст и оние со коморбидитет кои можат да ја примат после поминати четири месеци од приемот на бустер дозата или по прележан ковид.

МИА/Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Двајца млади скопјани подведувале малолетничка на сексуални услуги

Редакција

(Фото) Филмски сцени кај Рача: Стружанец и бегал на полицијата со 50 килограми марихуана во автомобилот

Редакција

Млад Авганистанец пронајден со прострелна рана на патот Куманово-Табановце

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница