Секторот за внатрешни работи Тетово поднесе кривична пријава против Л.С.(21), А.Р.(20), М.С.(20), А.С.(20) и М.А.(21), сите од село Пршовце, тетовско за сторено кривично дело “насилство“, информира МВР.
На 13 јули годинава околу 03,20 часот во Тетово пред маркет на улица “Борис Кидрич“, пријавените, се упатиле кон Д.П.(26) и Б.Д.(19), двајцата од Тетово, кои биле со нивните другари, по што Д.П. и Б.Д. избегале кон улица „Љ.убо Божиновски Пиш“, каде влегле во двор од непозната куќа. При тоа, пристигнале и пријавените, кои со безбол палки и дрвени даски, физички ги нападнале истите.