еМагазин
Свет ТОП СТОРИИ

Глобалниот долг достигна нов рекорд од 307 трилиони долари

Глобалниот долг се зголеми за 10 трилиони долари во првата половина од годината и достигна нов рекорд од 307 трилиони долари, според Институтот за меѓународни финансии (ИИФ) со седиште во Вашингтон.

Споменатата сума претставува 336 отсто од глобалниот БДП, наведува ИИФ.

Во својот извештај за динамиката на глобалниот долг (државен, корпоративен, финансиски и домаќинство) за првата половина на 2023 година, Институтот, исто така, забележа дека пред само десет години, глобалниот долг бил помал за 100 трилиони долари.

Најголем дел од растот на глобалниот долг годинава е резултат на зголеменото задолжување во големите развиени земји – САД, Јапонија, Велика Британија и Франција. ИИФ посочува и на забележителни зголемувања на долгот во водечките светски економии во развој, Кина, Индија и Бразил.

„Наглото зголемување на инфлацијата беше главниот фактор за остриот пад на односот долг кон БДП. Очекуваме дека до крајот на годината глобалниот долг ќе достигне 337 проценти од светскиот БДП“, посочуваат од ИИФ.

МИА/Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пристигна хеликоптер за гасење пожари од Романија, а се очекува и авион „Херкулес 530“, во Пехчево и натаму најкритично

Редакција

Убава вест: Озонската обвивка се обновува, дупката на Антарктикот се намалува

Редакција

Силен земјотрес во Црна Гора, почувствуван и во Македонија

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница