еМагазин
Свет

Глобалното затоплување е реалност: Во Британија регистрирана историски највисока температура

Во Чарлсвуд, Велика Британија, денеска е регистрирана досега највисоката температура од 39,1 Целзиусови степени и се очекува дополнително да се зголеми, соопшти локалната метеоролошка служба.

Највисоката температура претходно забележана во Британија беше 38,7 степени Целзиусови, рекорд поставен во 2019 година.

Највисоката температура некогаш забележана доаѓа во време кога земјата е зафатена од горештини што минатата недела ја зафатија и континентална Европа.

Огромен дел од Англија, од Лондон на југ до Манчестер и Лидс на север, е под првото предупредување за „екстремна“ топлина во земјата, што значи дека дури и здравите луѓе се во опасност од смрт.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Израелски деца пеат геноцидна песна за Газа, светот згрозен

Редакција

(Видео) На протест против војната во Русија уапсена и 77-годишна активистка

Редакција

Русија врз Украина го тестираше „орешник“, најнов руски проектил со среден дострел

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница