еМагазин
Image default
Македонија

ГОБ „8-ми Септември“: Кај Миле Јанакиески не се констатирани никакви телесни повреди

Од ГОБ „8-ми Септември“ потврдија дека кај нив бил примен поранешниот министер Миле Јанакиески, кој учествувал во инцидент во затворот „Скопје“ во Шутка, но оти не му биле констатирани телесни повреди.

„Во Градската општа болница „8-ми Септември“ Скопје е примено лицето М.Ј кој анамнестички (по вербално кажување) се пожалил на болки по телото и главата. По извршениот соодветен клинички лекарски преглед не се констатирани никакви телесни повреди“, се вели во соопштението од болницата.

Од ГОБ „8-ми Септември“ апелираат јавноста да ги следи официјалните информации на надлежните институции и да не се подлегнува на шпекулации.

На Јанакиески синоќа му беше одреден 30-дневен притвор во врска со случувањата во Собранието на „27 април“. За истиот случај притвор доби и поранешниот министер Спиро Ристовски, кој според информации од затворот исто така учествувал во инцидентот, но не се пожалил на повреди.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сите детали: Од затворот во Шутка тврдат дека Јанакиески и Ристовски биле нападнати бидејќи се „закачале“

Јанакиески и Ристоски нападнати во затворот Шутка

Јанакиески се враќа во Шутка, притвор и за Ристоски, Вељаноски има пратенички имунитет

Фото: Фејбук/Јанакиески

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Почнува предавањето на предметите од СЈО во Јавното обвинителство

Редакција

Сè уште не се знае дали Џафери денеска ќе биде избран за претседател на Собранието

Редакција

Адеми од ДУИ: Срцето на Кастриот Реџепи е во Вашингтон и Брисел, убеден сум дека неговата одлука лежи тука

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница