еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Гоце Делчев да биде Македонец во регионална смисла, а во етничка Бугарин: Ова е предлогот на Софија тврди Милошоски

Дипломатски извори во МНР споделуваат дека последниот предлог на официјална Софија е дека премиерите Зоран Заев и Бојко Борисов за време на предвидената средба на 11. ноември во Бугарија би требало да се согласат на следнава дефиниција за Гоце Делчев, пишува на својот Фејсбук профил пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен министер за надворешни работи, Антонио Милошоски

„”Гоце Делчев е Македонец во регионална смисла на зборот, но во смисла на народно-етничката припадност Гоце Делчев е Бугарин роден во географската област Македонија”.

(Оваа дефиниција потоа би се применила и на многу други историски личности, како Даме Груев, Никола Карев, Ѓорче Петров, Панко Брашнаров, Киро Глигоров и други).

Веројатно ова е една од причините зошто Заев одбива и собраниска и политичка-лидерска дебата околу националните позиции на Македонија во однос на договорот за добрососедство со Бугарија, пред закажаната посета на Софија“, пишува тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

По повикот на Мицкоски, СДСМ не гледа потреба од лидерска средба

Мицкоски повика на лидерска средба за разговорите со Бугарија: Сериозните прашања се решаваат на маса

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вице Заев стана мнозински сопственик во Герас Цунев-трговија и Герас Цунев-конфекција

Редакција

Боки 13 барал прием кај Заев, тој му одговорил: „ги видов доказите, ова е чист рекет“

Редакција

Кои се 20. најуспешни жени менаџери за 2022 година во избор на агенцијата „Марили“

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница