еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Година на арбитражи: Владата соочена со исплата мултимилионски штети

Неизвесни се исходите на четири големи абритражни постапки во кои нашата земја е тужена од домашни и странски бизнисмени и компании, а од кои ќе зависи дали Владата ќе мора да исплати неколку стотици милиони евра на име штета по различни основи.

Имено, словенечкиот бизнисмен со македонско потекло Блажо Тасев ја тужи Македонија и бара отштета од 400 милиони евра. Тој во 2004 година го купи рудникот за олово и цинк „Саса“, кој потоа му беше одземен, даден на повторно продажба и купен од руската компанија „Солвеј“.

Британските милијардери со индиско потекло браќата Гокул и Маду Бинани исто така ја тужат земјава. Тие во 2006 година ги купија рудниците „Злетово“ и „Тораница“ од американската „Ксеминекс“. Во 2015 година околу 1.000 рудари ја прекинаа работата поради неисплатени плати и придонеси, по што на компанијата и беше одземена концесијата за работа.

Кунико ресорсис“ покрена арбитражен спор против Македонија заради случајот „Фени“. Компанијата во 2004 година го презеде „Фени“, но потоа ја изгуби фабриката во која влезе компанијата ГСОЛ која го рестартира производството.

Владата на вчерашната седница разгледуваше информација од претседавачот на Координативното тело за следење на арбитражните постапки произлезени од меѓународните договори во врска со новата поведена арбитражна постапка против Република Македонија од страна на “EL.PET.BALKANIKI, Societe Anonyme Petroleum and Investment“ од Грција.

Грчката компанија која е сопственик на „Окта“ бара оштета од триесетина милиони евра од земјава поради непочитување на договорот за снабдување со мазут.

Имено, со договорот за продажба на „Окта“ на грчкиот инвеститор, тогашната Влада на Љубчо Георгиевски се обврзала Македонија да купува по 500.000 тони мазут на годишно ниво од рафинеријата иако немала потреба за тоа. Оваа обврска Македонија не ја почитуваше и врз база на тоа се најде на суд.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Владата ја разгледуваше новата арбитражна постапка против Македонија од грчката „EL.PET.Balkaniki“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заврши истрагата за Боки 13, Јанева и Кичеец за „Рекет“ во делот за Камчев

Редакција

Висок напон кој дошол до трансформаторот – причина за пожарот во Блок 3 во РЕК „Битола“, покажуваат првичните наоди

Редакција

(ФОТО) Убавината на македонската Тоскана: Винарија „Шато Сопот“

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница