еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Голем интерес на младите на Отворениот ден на Универзитет Американ колеџ Скопје

Околу 500 средношколци од целата земја присуствуваа на Отворениот ден на Универзитетот Американ Колеџ Скопје (УАКС). Младите покажаа голем интерес за програмите на Американ Колеџ и се запознаа со можностите од продолжување на своето образование на Универзитетот и со останатите поволности и стипендии за сите факултети при УАКС.

Студентите што за време на Отворениот ден се запишаа на еден од факултетите на Универзитетот добија и пет проценти попуст на школарината.

На големиот број идни студенти, им беа презентирани факултетите за деловна економија и организациски науки, архитектура и дизајн, компјутерска техника и информатика, странски јазици, правни науки, факултетот за политички науки и катердата за психологија.

Младите беа особено заинтересирани за можноста од практична работа во компаниите кои се членки на бизнис советот на УАКС, но и за Еразмус плус програмата која е достапна за студенти од додипломски и пост-дипломски студии, преку која се нуди студирање во 28 земји – членки на Европската Унија, како и Исланд, Норвешка, Лихтенштајн и Турција.

Универзитетот Американ Колеџ Скопје е основан 2005-та година и е единствениот меѓународно акредитиран универзитет во нашава земја со признание од Советот за акредитација на бизнис школи и програми (ACBSP) од Соединетите Американски Држави.

Оваа високообразовна институција ги комбинира најдобрите методи и практики од американскиот и европскиот образовен систем, пресретнувајќи ги очекувањата на студентите.

Американ Колеџ Скопје е во континуирана активна соработка со седумте највисоко рангирани универзитети во светот, а студентите имаат можност да го продолжат своето образование во реномирани странски високообразовни институции како: Меѓународниот универзитет од Вирџинија (САД), Универзитетот Џон Кабот (Италија), Веларус Колеџ (Белгија), Универзитетот во Вормс (Германија) и многу други.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Започнува со работа Фондот за школување деца без родители „Ѓорѓи Марјановиќ”

Редакција

Во Веро центар ќе се направи најголемата чоколадна торта во Македонија долга 4 метри

Редакција

(Галерија) „TRUST YOUR INSTICTS BY RUMOR“- моден едиторијал според светски трендови

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница