еМагазин
Image default
Бизнис

Голем пораст на извозот на „Алкалоид“ во САД, Русија, Британија…

Остварените консолидирани вкупни приходи на „Алкалоид“ АД Скопје во периодот јануари – декември 2019 година изнесуваат 10.348.719.000 денари и во споредба со остварените во истиот период во 2018 година бележат пораст од 13%, соопшти компанијата.

Во структурата на вкупните приходи најголемо учество, 98%, имаат приходите остварени со продажба на производи и услуги кои во споредба со остварените во 2018 година бележат пораст од 13%

Од вкупните консолидирани продажби, 65% се остварени на странски пазари.

Најголем пораст кај извозните пазари е остварен во следните земји: САД раст од 115%, Русија раст од 91%, Германија раст од 57%, Велика Британија раст од 56%, Романија раст од 42%, Украина раст од 35%, Бугарија раст од 16%, Косово раст од 16%, Црна Гора раст од 9%, Србија раст од 7%, Словенија раст од 7%, Хрватска 5%, итн.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Алкалоид“ со значителен пораст на добивката и 218 нови вработувања во 2019 година

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Јавна опомена за Пелистерка од Македонската берза

Редакција

Раст од 39,1%: Во првите шест месеци од годинава извозот 3,4 милијарди евра

Редакција

Раде Кончар – Апаратна техника лани со зголемена добивка

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница