еМагазин
Image default
Локално

Голема акција на МВР против дивите тркачи: Запленети 35 мотоцикли

Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (02.09.) во периодот од 14.00 до 24.00 часот спроведе акциска контрола на подрачјето на Скопје со цел откривање и санкционирање на возачите кои организираат и учествуваат во диви трки, соопшти МВР.

Од страна на полициски службеници привремено се задржани 35 мотоцикли, поради сомнение за техничка неисправност и издувни уреди кои ствараат бучавост поголема од дозволената.

По однос на останати прекршоци од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила кон возачи, преземени се вкупно 39 мерки за сторени сообраќајни прекршоци од страна на мотоциклистите. За констатираните прекршоци издадени се 15 мандатни платни налози и 24 прекршочни платни налози.

Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нема големо аерозагадување во Тетово, штетата од пожарот 12 милиони евра, децата може да се вратат на училиште

Редакција

23-годишно момче почина по пад од објект во изградба во Бит Пазар, отишоло таму да му однесе јадење на татко му

Редакција

Вработен во Макстил го загубил животот при несреќа во производствен погон

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница