еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Голема донаторска акција на НЛБ Банка со Mаstercаrd картичките по повод 35 годишниот јубилеј

НЛБ Банка во периодот од 15 октомври до 30 ноември, по повод својот 35-годишен јубилеj организира голема донаторска акција, во која активно учество ќе земат сите клиенти – корисници на НЛБ Mаstercаrd картичките.

Имено, за секоја реализирана трансакција со НЛБ Mastercard картичките за време на промотивниот период Банката ќе донира финансиски средства. По завршување на кампањата, НЛБ Банка заедно со своите клиенти ќе одлучи каде ќе се донираат собраните средства. За донацијата ќе бидат дадени предлози за кои јавноста ќе може да го даде своето мислење и да гласа, а средствата ќе бидат донирани за оној предлог кој ќе добие најголем број на гласови.

Дополнително, во рамките на кампањата, сите нови клиенти кои ќе аплицираат за НЛБ Mastercard кредитните картички (Mastercard Standard, Mastercard Light и Mastercard Gold) во промотивниот период ќе може да ги добијат без членарина, додека сите постоечките корисници кои ќе направат најмалку 10 трансакции во промотивниот период ќе добијат бесплатна членарина за следната година.

„Оваа година НЛБ Банка прославува 35 годишнина од своето основање, повод кој заслужува да го одбележиме заеднички со нашите клиенти. Со цел одбележување на јубилејот, решивме Банката да донира средства за секоја трансакција со НЛБ MasterCard кредитните картички и на крај заеднички да одлучиме каде е најнеопходно да ги донираме. Ве повикувам да ги користите НЛБ Mastercаrd картичките, да се приклучите кон донаторската акција и заедно да направиме добри дела за паметење!“, изјавија од Банката.

Повеќе информации во врска со оваа промотивна кампања и донација клиентите може да добијат на веб страницата на Банката www.nlb.mk, преку Контакт центарот на телефон 02/15 600 или во најблиската експозитура.

ПРОМОТИВНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Денис Јанкуловски Космонаутко е помеѓу предложените здравствени работници за „Европејци на годината“, од страна на Делегацијата на ЕУ

Редакција

Бисера Чадловска – жена на годината, кои се другите победнички во изборот „Жена на годината 2023“

Редакција

(Фото) Почуствувајте го духот на Италија: Месец на италијански специјалитети во FOUR

Редакција
Close

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница