еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Горчливоста на „Медена земја“ присутна и во секојдневието: Дивите ги бркааат питомите

„еМагазин“ имаше можност да присуствува на затворена проекција на „Медена земја“ во кино „Милениум“, филм кој по светскиот успех за прв пат се промовираше кај нас.

Филмот раскажува приказна која потресува, бидејќи доловува реалност кога човек нема да ги почитува законите на природата и кога ќе биде нарушен тој баланс. Во тој случај доаѓа до самоуништување, а притоа и питомиот страда од дивите.

Атиџе, последната жена-одгледувач на диви пчели во Европа, внимателно се грижи за пчелите, поаѓајќи од филозофијата дека половината од произведеното ќе го земе за себе, а половина од медот ќе им го остави на пчелите за да опстојат, уште повеќе да се размножуваат и да ги одржуваат природните законитости.

Што не е случај со спротивните од неа, кои, водејќи се од користа и материјалното, грабаат се за себе, уништуваат и вообичаено, тоа им се враќа како бумеранг кога веќе е доцна.

Филмот изобилува со прекрасни кадри и пејзажи, доловувајќи една сурова реалност која се случува некаде помеѓу Штип и Велес, во 21 век.

Со победа во три категории, филмот триумфираше во конкуренцијата за документарци од целиот свет на американскиот филмски фестивал „Санденс“ („Sundance“).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Да ги поддржиме протагонистите од „Медена земја“ и да станеме дел од една светска приказна

Фото: Фејсбук-страница на Ханиленд

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Минатата недела 1.558 лица по вторпат се заразиле со Ковид-19

Редакција

Огњановски, на кого му беше трансплантирано срце: Повторно ќе го живеам животот со полни гради, затоа што животот е еден!

Редакција

За девет месеци, од Ковид-19 починале 179 од 712.587 целосно вакцинирани, а 3.642 од 1.106.574 невакцинирани

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница