еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Гордана е добро, храбро се држи, вели Илиевски, сопругот на Јанкулоска

“Гордана е добро, храбро се држи, знае дека правдата е на нејзина страна, кога тогаш ќе дојде на нејзина страна. Петар е добро и тој е храбро дете, и тој беше предмет на малтретирање уште пред да се роди, во овие две години и повеќе се научи да живее во такви околности, вели Влатко Илиевски, адвокат и сопруг на поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска за „Стадион“ на Радио Канал 77.

За постапката за спроведување во затвор на Јанкулоска, тој вели дека со тоа тешко се прекршиле правата што ги има едно осудено лице.

За случајот „Тенк“, за кој Јанкулоска заврши во затвор, вели дека во Стразбур судијката Добрила Кацарска ќе ја гонат за пристрасност.

За апликацијата пак до Судот за човекови права во Стразбур, која беше актуелна деновиве вели дека нивната теза е дека помилувањето кое го даде поранешниот претседател Ѓорге Иванов неможе да се повлече.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Судот во Стразбур допрва ќе одлучува: Ќе стане ли аболицијата на Иванов сламка за спас на Груевски, Мијалков, Јанакиески…

Јанкулоска спроведена во затворот Идризово, каде што треба да лежи четири години

Фото: Фејсбук/Јанкулоска

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сведоштво на девојка чиј татко се спаси од ковид-центарот во Тетово: „Пожарот изби многу бргу, моите, а и многу други избегаа низ прозорец“

Редакција

Прашина и песок од Сахара, времето за викендов топло и мачно

Редакција

Февруари за 2,5 степени потопол од просекот, максимално измерената 21,6 степени

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница