еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Горивата поевтинуваат од 2,5 до три денари за литар

Цената на бензинот Еуросупер БС-95 од ноќеска на полноќ се намалува за три денари по литар, а другите горива поевтинуваат за 2,5 денари за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,39 отсто.

Новата малопродажна цена на Еуросупер БС – 95 изнесува 105,5 денари за литар, Еуросупер БС – 98 ќе се продава за 108, Еуродизел БС (Д-Е V) за 101, а Екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) за 99,5 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 1,085 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 51,564 денари.

Од РКЕ истакнуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек за 5,021 отсто кај бензините и за 4,102 отсто кај дизелот, додека  курсот на доларот во однос на денарот е повисок за 0,508 отсто.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Објавен предлог-текстот на Законот за висока раководна служба: Ќе спречува ли непотизам?

Редакција

САД ја повикаа Бугарија да ги исполни своите обврски за заштита на правата на македонското малцинство во Бугарија

Редакција

Лидл имале проблеми со претходната влада, тврди Мицкоски

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница