еМагазин
Image default
Бизнис

Горивата поскапи за 1,5 денар

Горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат за 1,5 денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,93 отсто.

Новата малопродажна цена на Еуросупер БС-95 изнесува 84 денари за литар, Еуросупер БС-98 ќе се продава за 86, а Еуродизел (Д-Е V) за 75,5 денари за литар.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемува за еден денар за литар и ќе чини 74,5 денари.

Со одлуката на РКЕ за 1,249 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 48,17 денари.

Како причина за зголемувањето на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат зголемените референтни цени на нафтените деривати на светскиот пазар во изминатите седум дена и тоа во просек за 2,711 отсто кај бензинот и за 1,997 отсто кај дизелот, како и за 0,496 отсто повисокиот курс на доларот во однос на денарот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Скопје Север прекина да испорачува парно во Чаир и Бутел, одбива да потпише договор со ЕСМ

Редакција

Македонската берза јавно ги опомена ДС Смитх, РЖ Институт и Жито Караорман

Редакција

Ацо Дудулоски, Горан Ташков и Маја Николовска нови членови на УО на Македонијатурист

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница