еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Горивата поскапуваат од половина до два денари по литар

Цената на бензините од ноќеска на полноќ се зголемува за половина денар по литар, дизелот поскапува за 1,5, а Екстра лесното масло за домаќинството за два денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,20 отсто.

Новата малопродажна цена на Еуросупер БС-95 изнесува 86,5 денари за литар, Еуросупер БС-98 ќе се продава за 89, Еуродизел (Д-Е V) за 92,5, а Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) за 89,5 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,46 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 50,228 денари.

Како што информираат од РКЕ, референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 0,973 отсто, кај дизелот за 0,154, кај екстра лесното масло има зголемување за 0,501, а кај мазутот намалување во просек за околу 0,187 отсто.

Курсот на денарот е за околу 0,36 отсто понизок од курсот на доларот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Рамазан – светиот месец на муслиманите: Кои се обичаите

Редакција

Мажите во Македонија имаат околу 28% поголем ризик од жените да починат од Ковид-19

Редакција

Поради старост и болести евтаназирана слоницата Дуња во Скопје ЗОО

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница