еМагазин
Image default
Бизнис

Горивата поскапуваат за 1,5 денар по литар

Цената на горивата од ноќеска на полноќ се зголемува за 1,5 денар по литар одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,17 отсто.

Новата малопродажна цена на Еуросупер БС-95 изнесува 75 денари за литар, Еуросупер БС-98 ќе се продава за 77, а Еуродизел (Д-Е V) за 65,5 денари за литар, исто како и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1).

Со одлуката на РКЕ за 0,850 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 40,21 денар.

Како причина за зголемувањето на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат зголемените референтни цени на нафтените деривати на светскиот пазар во изминатите седум дена и тоа кај бензинот во просек за 4,218 отсто и кај дизелот во просек за 3,934 отсто, како и за околу 0,217 отсто понискиот курс на денарот во однос на доларот. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Галеника ја презема дистрибуцијата на премиум дермакозметиката Cantabria Labs

Редакција

„Роби“ и понатаму ги гази „Македонски Телеком“ и „А1“ во бројот на претплатници на две услуги

Редакција

Колкава плата имал лани Бобан Гоговски, генералниот директор на Тетекс

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница