еМагазин
Image default
Забава

„Господ постои, името и е Петрунија“ и „Џган“ може да се гледаат во Градски парк во киното на отворено

„Господ постои, името и е Петрунија“ и „Џган“ се двата македонски филма што граѓаните ќе можат бесплатно да ги погледнат во киното на отворено, во Градскиот парк, како дел од програмата на Самрленд 2019.

Проекцијата на филмот „Господ постои, името и е Петрунија“ е закажана за утре (18.07.2019 година, четврток) во 21 часот. Филмот „Џган“, пак, граѓаните ќе можат да го погледнат во петок (19.07.2019 година) во 21:30 часот. Во паркот се наместени меки фотелји, а посетителите може да си понесат и камперски столчиња, ќебиња, храна и пијалаци.

Убавата приказна на концептот „Градски летен парк“ почна во јуни 2018 година со проекциите на отворено на „Исцелител“ и „Avec l`amour“, а продолжи во септември со прикажувањето на „Ирационален човек“ и на „Големата убавина“. Бесплатните филмски проекции привлекоа стотици посетители во Градскиот парк и ја збогатија летната културна понуда. Град Скопје, МКЦ и кино „Милениум“ и овој пат ветуваат забавни филмски вечери на отворено, со добри филмови.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Светски познатиот пијанист Дејан Илијиќ и стипендист на Беркли настапува вечерва на „Крај Вардарот Џез“

Редакција

(Видео) „Зоки Поки“ почнува со емитување на 4 мај на МРТ: Запознајте ја актерската екипа

Редакција

Андријана Јаневска одбила да ја преставува Македонија на Евровизија

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница