еМагазин
Image default
Локално

Гостиварец почина откако му паднале шипки на глава од камион со кој се разминувал

Гостиварец починал од повреди на главата кога од камион со кој се разминувал паднале метални шипки врз неговото возило. Според СВР Тетово, несреќата се случила околу 13 часот на улицата „Илинденска“, во близина на поранешен „Жито Шар“ во Гостивар.

Од товарно возило „мерцедес“ со гостиварски регистерски ознаки, што го управувал Б.С. (58) при разминување со патничко возило „опел-фронтера“ што го управувал Д.Џ (48), паднале метални шипки и го повредиле по главата.

Повредениот со возило на итна помош е пренесен во гостиварската општа болница „Ферид Мурад“, но набрзо им подлегнал на повредите.

На местото на настанот се врши увид со учество на јавен обвинител и екипа на Полициската станица Гостивар. По наредба на јавниот обвинител ќе се врши обдукција.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кои се најдобрите трговски објекти во Скопје во категоријата „парфимерии и козметика“

Редакција

Од силниот ветер вчера, дете во Скопје заврши во болница

Редакција

Убиените во Топанско Поле се скопјани на возраст од 24 и 28 години

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница