еМагазин
Image default
Бизнис

Граѓаните и фирмите чуваат 1,6 милијарда евра во Комерцијална банка

Вкупната актива на Комерцијална банка на 31.03.2019 година достигна износ од 115 милијарди денари и во однос на декември 2018 година бележи зголемување од 0,6%, соопшти банката преку Македонската берза.

Зголемувањето на вкупната актива во најголем дел се должи на зголемувањето на кредитите и побарувањата од банки, вложувањата во хартии од вредност и средствата за тргување. Планот е остварен со 99,6%

Вкупните депозити (депозити на комитенти и депозити на банки) достигнаа износ од 99.896.400.000 денари (околу1,6 милијарди евра) и бележат зголемување од 0,4%. Планот е остварен со 99,5%.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Комерцијална банка за три месеци оствари добивка од 7 милиони евра

Во Комерцијална банка 4.940 акционери, „Адора инженеринг“ најголем

За една година истргувани милион акции од Комерцијална банка

Граѓаните чуваат 1,1 милијарда евра во Комерцијална банка

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Која е градежната компанија од Белград која стана акционер на 5% од акциите на Гранит

Редакција

Балкан Енерџи склучи рамковна спогодба со РКМ вредна 39,2 милиони евра

Редакција

Стопанска комора бара од Македонската берза одложување на новите правила за котација и кодекс за управување

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница