еМагазин
Бизнис ТОП СТОРИИ

Граѓаните најмногу поплаки во банкарскиот сектор имаат за кредитните и дебитните картички

Наодите од анализата посочуваат дека вкупниот број на поплаките во банкарскиот систем во 2021 година е намален и сведен под нивото во 2018 година, а одговорите на поплаките банките ги доставуваат до клиентите вообичаено во рок од 15 дена, што е споредливо со практиката во други земји, покажува анализата на Народна банка од спроведената анкета за заштитата на потрошувачите.

Сепак, пристапот кон заштитата на потрошувачите е различен во обем и квалитет и зависи од воведените поединечни политики на банките.

„Анализата на структурата на поплаките за одделни банкарски производи и услуги покажува дека во 2021 година преовладуваат поплаките за дебитните и кредитните картички, со учество од 36,6%, иако тука се забележува и тренд на намалување во однос на 2018 година за 5,5 процентни поени.

Според структурата, поднесените поплаки за потрошувачките кредити се 10% од вкупниот број на поплаки, за однесувањето на вработените се 9,3% од поплаките, додека за трансакциските сметки и за електронското и мобилното банкарство се 8,5% и 8,2%, соодветно, од вкупните поплаки,“ велат од Народна банка.

Маријана Лончар Велкова, претседателка на Организацијата на потрошувачите на Македонија, ги претстави резултатите од анализата на зелените кредитни линии коишто банките им ги нудат на потрошувачите.

Таа се осврна на потребата од поголема поддршка на потрошувачите со зелени кредитни линии од страна на поголем број банки, со што и банките ќе придонесат за исполнувањето на зелената агенда.

„Ова е потребно затоа што потрошувачите сè повеќе се заинтересирани за купување енергетски ефикасни производи коишто им заштедуваат пари и воедно им овозможуваат поголема удобност и квалитет на живеење“, истакна таа нагласувајќи ја и важноста на соработката со Народната банка којашто придонесува за поголема заштита на потрошувачите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Косово уапсен Дритон Ибиши од криминалната група „Грчец“, ќе биде ли екстрадиран во Македонија?

Редакција

Исмет Гури и Ејуп Алими од ДУИ осудени на три и пол години затвор за „Титаник 3“

Редакција

Новинарот на Канал 5 имал контакт со член од семејството кој е позитивен на корона вирусот

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница