еМагазин
Бизнис

Граѓаните жедни за кредити, компаниите сити за нови задолжувања

Вкупните кредити во јули остварија нагорна месечна промена од 0,4% која во целост произлегува од зголеменото кредитирање на секторот „домаќинства“, во услови на намалено кредитирање на корпоративниот сектор, соопшти Народната банка.

На годишно ниво, растот на кредитите изнесува 6,2% и во поголем дел (76,3%) е резултат на кредитирањето на секторот „домаќинства“.

Кредитите на корпоративниот сектор забележаа скромен месечен пад од 0,4% во текот на јули. Во услови на раст на кредитите во странска валута, месечната промена во целост се објаснува со намаленото кредитирање на корпоративниот сектор во денари.

„На годишна основа, бележиме раст на кредитната активност од 2,7% која се должи на зголеменото кредитирање во денари, во услови на намалено кредитирање во странска валута“, соопшти НБРМ.

Вкупните кредити на домаќинствата во јули остварија месечен и годишен раст од 1,1% и 10,0%, соодветно.

Притоа, месечниот и годишен раст на кредитирањето на домаќинствата во поголем дел се должи на кредитите одобрени во денари (учество во растот од 67,3% и 61,8%, соодветно).

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Прилепски Современ дом лани со зголемена добивка и приходи

Редакција

Македонија не преговара како Србија со Грција за да годинава летуваме таму, ќе се потикнува домашниот туризам

Редакција

Грција во јуни ќе ги отвори границите, му кажал грчкиот колега на Филипче

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница