еМагазин
Бизнис

Казни за фирмите „Менсур Турс” и „Ганиќ ексклузив” од Скопје

Инспекторатот на Град Скопје во текот на денешниот ден изврши вонреден надзор на терен преку контроли на автобусите и комбињата кои вршат превоз на патници, при што изрече две казни за фирмите „Менсур Турс” и „Ганиќ ексклузив” од Скопје, информираат од Град Скопје.

-Градот Скопје ќе продолжи со секојдневни теренски контроли и инспекциски надзори на превозниците на патници, со цел доследно почитување и спроведување на законските прописи за вршење на оваа дејност.

Ги повикуваме фирмите превозници на патници да се придржуваат до законите во нивното секојдневно работење, со цел овозможување квалитетен и безбеден превоз за граѓаните, велат од Град Скопје.

Вчера Инспекторатот изрече казна за фирмата „Друштво за транспорт трговија и услуги Ројал Травел ДООЕЛ увоз-извоз Скопје“, поради вршење превоз без лиценца. Против фирмата ќе биде поднесена пријава до надлежните институции, информираа од скопската локална самоуправа.

Фото: Унсплаш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БЕГ остана без лиценца

Редакција

На базен со маска, за секој од посетителите ќе се собираат податоци: Усвоен протоколот за заштита од Ковид-19

Редакција

Од 1. јули секое домаќинство и фирма ќе може да постави фотоволтаик и да ја продава произведената струја

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница