еМагазин
Image default
Локално

Град Скопје почна да доставува решенија за данок на имот и фирмарина за 2019 година

Град Скопје почна со доставата на решенијата за данок на имот и за комуналната такса-фирмарина за 2019 година, а сите обврзници кои немаат платено данок на имот или фирмарина за изминатата 2018 година ќе добијат опомена за неплатен долг, информираат од Градот.

-Сите граѓани кои нема да добијат решенија или доколку во истите забележат одредени неправилности, може да се обратат во Град Скопје во барака број 15, во работните денови за прием на странки, односно во вторник и во петок од 9 до16 часот.

Сите забелешки граѓаните можат да ги достават и секој работен ден од 07:30 до 19:30 часот со поднесување барање на шалтерите во архивата на Град Скопје или во канцелариите за сметководство на Град Скопје (барака број 16), посочуваат од Град Скопје.

Дополнително, додаваат, сите граѓани во рок од два месеца од добивањето на решението можат сите забелешки и недостатоци да ги пријават, преку приклучување на сајтот на Град Скопје – е-даноци (danoci.skopje.gov.mk), преку одделот за пријавување проблеми (gragjani.skopje.gov.mk), како и преку електронска пошта на следните адреси: danoci@skopje.gov.mkanitan@skopje.gov.mk (за данок на имот) и Katerina.Gichev@skopje.gov.mk (за комунална такса – фирмарина).

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Штипските пензионери останаа без огревно дрво, бидејќи цената постојано се зголемува

Редакција

Тетовчанка му носела хероин на синот во затвор

Редакција

Скопските градоначалници најавија кривична за Арсовска доколку не се реши состојбата со комуналната хигиена

Редакција
Close

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница