Град Скопје секој ден со 100 евра ќе наградува фотографија, видео или гиф од седење дома.
“Избираме најдобра фотографија на тема #СкопјеДома секој ден и доделуваме награди за најкреативните од Вас! Испратете ни автентична фотографија/видео/гиф од вашиот дом, како го поминувате времето поминато во изолација сами, со вашето семејство или милениците, а Град Скопје ќе ги избира најдобрите секој ден и ќе им доделува награди во висина до 100 евра.
Помогнете им на здравствените работници! Останете дома за да го спречите ширењето на корона вирусот и учествувајте во конкурсот секој ден!“, велат од Град Скопје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вкупно 42: Седум новозаразени со корона вирусот, тројца од Дебар, четворица од Скопје
Корона вирусот покажа колку сме себични