еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Градинките ќе се отворат на 9 септември

Владата денеска на седница усвои Информација за повторно отворање на установите за згрижување и воспитание на деца – градинки/центри за ран детски развој за време на пандемија Ковид-19, кое е планирано од 9 септември 2020 година.

-Дотогаш градинките се должни да се подготват за работа. Владата им препорачува на сите единици на локална самоуправа кои се основачи на јавните установите за згрижување и воспитание деца да обезбедат дополнителен простор или адаптираат соодветен простор  за потребите на градинките доколку градинката има потреба за згрижување деца согласно Протоколот за активности во установите за згрижување и воспитување деца, како и да обезбедат потребен соодветен кадар за временски период до траењето на епидемијата со Ковид-19, доколку градинката има потреба по итни и неодложни работи за непречено функционирање, соопшти владината прес-служба.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Одбиени барањата на одбраната на Груевски за изземање на судечкиот совет и в.д. претседателката на Апелација

Редакција

Веб-страната за пријавување за вакцинација ќе биде достапна од следната недела

Редакција

Американците масовно го тужат Монсатно, во Македонија молк по незаконската продажба на ГМО производи

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница