еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Градоначалникот Мерко кривично да одговара за финансиски злоупотреби, побара Антикорупциска

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) бара струшкиот градоначалник Рамиз Мерко да одговара кривично поради сомнителни јавни набавки, нерационални трошењa и набавки на возила.

Сомнежите на Комисијата се потврдени и од Државниот завод за ревизија, кој констатирал финансиски малверзации во работењето на градоначалникот на Струга.

Антикорупционетите поднесоа иницијатива до Обвинителството за организиран криминал и корупција за испитување на овие сомнежи.

Истовремено, ДКСК поради застареност го затвори предметот кој го водеше против Мерко и претседателот на Основниот суд – Струга за неколкукратно зголемување на општинскиот буџет.

Антикорупциската комисија, исто така, го затвори и предметот против поранешниот член на Советот на Општина Охрид, Нефи Усеини, кој истовремено покрај оваа и ја извршувал и функцијата член на Надзорниот одбор во јавна установа.

Комисијата покрена постапка против Усеини поради „акумулација на функции“, но таа е прекината, бидејќи во меѓувреме тој се повлече од советничкото место.

МИА/Фото: Општина Струга

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Радев ги оцени како алармантни случаите на дискриминација и систематско кршење на правата на Бугарите во Македонија

Редакција

Македонија е со него: Малиот Марко Пејчиновски го стартува 64-километарски маратон за лицата со ретки болести

Редакција

Метереолозите прогнозираат суво и ведро време за Нова Година

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница