еМагазин
Image default
Македонија

Градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ негативен на корона вирусот, останува во изолација

Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ преку Фејсбук соопшти дека се тестирал за Ковид-19 и дека резултатите се негативни.

„По позитивниот тест на секретарот на Општина Центар, во интерес на општината и вработените, одлучив да се самоизолирам и јас да направам тест за Ковид 19. Во изолација останувам до втор негативен тест.

Општината, јас како нејзин градоначалник и вработените од самиот почеток на Ковид 19 пандемијата децидно и без исклучоци ги почитувавме мерките препорачани од надлежните институции, како што се одржувањето задолжителна дистанца, носењето на заштитни маски и одржувањето на личната хигиена.

На секретарот му посакувам брзо и лесно заздравување. Апелирам до сите да се придржуваат до препораките на Владата и Министерството за здравство затоа што корона вирусот не бира кого ќе зарази и никој од нас не е имун на него. Да бидеме одговорни, да ги почитуваме доследно препораките“, напиша Богдановиќ.

Фото: Фејсбук/Богдановиќ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Починаа шест нови лица од корона вирусот, вкупно до сега 216

Редакција

Од Ковид-19 починаа 31 лице, двајца имале по 43, еден пациент 42 години

Редакција

Камчев поднесе кривична пријава против Јанева, нејзиниот син и обвинителката Стефанова

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница