еМагазин
Image default
Балкан

Грчка опозиција: Владата доцни со работата на комисиите за трговските ознаки и учебниците

И покрај силењата и најавите од владата се забележува доцнење во работата на комисијата за трговските ознаки и комисијата за учебниците, вели поранешниот министер за надворешни работи на Грција, а сега пратеник од СИРИЗА, Јоргос Катругалос, упатувајќи критики до актуелната грчка влада, jави дописничката на МИА од Атина.

– Премиерот, за жал и на неговото патување во Америка продолжува со познатата тактика на двојазичност и не го користи дипломатскиот капитал што земјата го доби од Договорот од Преспа за да ги промовира нашите национални интереси. И сето ова, и покрај владините силењата и најавите, се забележува доцнење и во однос на работењето на комисијата за трговските ознаки и во однос на онаа за учебниците, вели Катругалос.

Поранешниот шеф на грчката дипломатија додава дека за овие теми доставил пратеничко прашање до министерот за надворешни работи на Грција и од него бара става за „поради неактивност и хипокризија да не се изгуби силата на договорот“.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

22 митрополити од Северна Грција му пишаа на Ципрас дека се против Договорот од Преспа

Редакција

Најмалку десет загинати, четворица исчезнати и 2.000 спасени во поплавите во Грција

Редакција

(Фото) Приказна со среќен крај: Куче 13 часа го грееше телото на неговиот пријател планинар, по пад во непристапен терен

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница