еМагазин
Image default
Балкан

Грчка влада: Се наоѓаме во преоден период и Заев има право да го користи уставното име

Се наоѓаме во преоден период и господинот Заев има право да го користи уставното име, полека полека, сите во двете земји ќе се усогласат со она што го предвидува Договорот од Преспа, вели портпаролот на грчката влада и министер без ресор Димитрис Ѕанакопулос во интервју за грчкото радио „Реал фм“, во однос на реакциите во Грција дека македонскиот премиер наместо за Северна, говори и на Твитер пишува за Македонија, јави дописничката на МИА од Атина.

-Мислам дека нашите соседи ќе покажат добра волја. Формално, господинот Заев го има тоа право сѐ додека не се завршат конкретните процеси и формалните  постапки и сум апсолутно убеден дека господинот Заев ќе го покаже политичка волја како што направи во минатото.

Се наоѓаме во еден апсолутно преоден период и мојата проценка е дека полека полека, од ден на ден сите, и во Грција, а посебно во Северна Македонија ќе се усогласат со она што го предвидува и она што го наметнува Договорот од Преспа, вели Ѕанакопулос.

МИА/Фото: Влада

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Македонија си го смени името, парите и пасошите“: Што пишуваат регионалните медиуми за ратификацијата на Договорот од Преспа

Уште колку чекори од Договорот од Преспа треба да се исполнат, за да станеме членка на НАТО

„Стани Зелче, ФИРОМ почина“: Твитер за ратификацијата на Договорот од Преспа и во Грција

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Српски ученик со пластичен пиштол го исмејува масакарот во белградското училиште, јавноста згрозена

Редакција

Ковачевски, Вучиќ и Рама утре ќе одлучат дали ќе учествуваат на Самитот ЕУ-Западен Балкан во четврток

Редакција

Бугарија ги објави правилата за летување: Се препорачува клима уредите да се заменат со вентилатори

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница