еМагазин
Балкан

Грчката полиција заплени 500.000 таблети екстази во Солун

Грчката полиција запленила 500.000 таблети екстази во Солун и уапсила три лица.

Вредноста на таблетите на црниот пазар е проценета на 10 милиони евра.

Полицијата прво уапсила 56-годишен возач на камион во кој пронашла 180.000 апчиња. Потоа запрела автомобил во кој пронашла уште 320.000 таблети екстази.

Притоа уапсени се двајца Ирачани, на возраст од 49 и 52 години, од кои едниот е жител на Холандија, а другиот на Грција.

Се претпоставува дека таблетите биле произведени во Западна Европа и биле наменети за грчкиот и веројатно за турскиот црн пазар.

Фото: BBC

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Колку чини стан на албанското крајбрежје

Редакција

„Старките“ го одбележаа „лежерниот“ стил на Еди Рама на форумот во Лондон

Редакција

Србија загрижена поради одлуката за формирање војска на Косово

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница