еМагазин
Image default
Македонија

Грчките и медиумите од регионот со голем интерес за Македонија на конференцијата на „Економист“ во Атина

Претставниците на медиумите од Грција и од регионот покажаа голем интерес за Северна Македонија и за постизборниот период, за време на дводневната работна посета на Атина и учеството на конференцијата на „Економист“ на тема „Европа: Зајакнување на кохезијата во турбулентни времиња“, напиша премиерот Зоран Заев на неговиот Фејсбук-профил.

„Во интервјуата за електронското издание на Си-ен-ен, за Топ Ченел од Тирана, за Та Неа, за Мега ТВ од Атина, за грчката програма на Еуроњуз, како и за други медиуми, истакнав дека граѓаните во Северна Македонија покажаa дека знаат да ги наградaт тешките политички одлуки кои решаваат големи проблеми, но кои се добри и од огромно значење за подобра иднина на земјата и граѓаните.

Решавањето на отворените прашања дополнително го поттикна интересот на бизнис заедниците за поголема и подинамична соработка. Како политичари должни сме да овозможиме развој на заедничките бизнис иницијативи и инвестиции.

Уште еднаш се уверив дека постои огромен интерес на сериозни и големи компании од Грција да соработуваат и да иницираат инвестиции од интерес на граѓаните на двете земји.

Ги информирав медиумите дека со мојот колега Мицотакис денеска ќе разговараме како да поттикнеме поширока соработка за подобра и попросперитетна иднина за граѓаните од нашите две земји,“ пишува Заев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Заев се дружеше со Алексис Ципрас и Франсоа Оланд во Атина

фото: Фејсбук/Заев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На Инфективна примено двегодишно дете заразено од корона вирусот, капацитетите речиси пополнети

Редакција

Оставката на Заев вонредна вест во Грција

Редакција

И заменикот министер за земјоделство, Беџети, поднесе оставка, ќе оди со Таравари

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница